Најскапата торта на светот чини 74 милиони долари

22

HT_Wedding_Cake2_MEM_150909_4x3_992Благодарение на една богата арапска фамилија, светот ја доби најскапата торта што некогаш била порачана, пишува Бизнис Инсајдер.

Тортата е креација на Деби Вингам, модна креаторка позната по своите екстравагантни фустани. Најскапата вечерна тоалета чија цена е 20 милиони долари е нејзино дело.

Untitled

Станува збор за торта во форма на двометарска модна писта со модели во елегантни креации.

Многу од деталите на тортата се додадени по желба на клиентот, како омилените списанија, додека некои фигури од публиката претставуваат членови на семејството и пријателите.

Неколку модели од тортата носат фустани што можат да се јадат, специјално креирани за нарачателот.
HT_Wedding_Cake3_MEM_150909_4x3_992

Нејзината неверојатно висока цена се должи на белите, розовите, црните и жолтите дијаманти што ги има вкупно 4.000 на број.

Тортата е составена од 120 килограми глазура, 60 килограми чоколада, а создадена е со 80 различни техники и ефекти на формирање на десертот.

Нејзината тежина изнесува околу 418 килограми. Секој дел од тортата е рачно обликуван, а за нејзината изработка биле потребни 1.100 часови.