Најскапи европски градови за дочек на 2020 година

95

Монако оваа година е најскапиот европски град за туристите кои се спремаат за патување во текот на новогодишните празници.

TicketLens објави студија којашто ги открива најскапите европски главни градови за новогодишната ноќ. Студијата ги проценува трошоците за храна и пијалаци, транспорт и сместување во 49 европски метрополи со цел да се даде увид во тоа каде туристите плаќаат најмногу за да ја прослават Новата година.

Најскапата дестинација за новогодишната ноќ е Монако. Едно ноќевање на 31 декември ќе изнесува 319 евра. Храната и пијалакот се, исто така, скапи каде за оброк за двајца во ресторан ќе треба да платите 100 евра, а за шише пиво седум евра. Погледнете ја листата на 10 најскапи европски метрополи:

1. Монако, Монако

2. Рејкјавик, Исланд

3. Берн, Швајцарија

4. Лондон, Велика Британија

5. Копенхаген, Данска

6. Осло, Норвешка

7. Даблин, Ирска

8. Амстердам, Холандија

9. Вадуц, Лихтенштајн

10. Виена, Австрија

Фото: Pexels