Во Велика Британија на аукција се продаде најскапиот јавен тоалет за неверојатна цена од 650.000 долари. За многумина високата цена е навистина премногу затоа што, како што велат, тоалетот не е ништо посебно интересен за да ја заслужи таа цена. Но, новите сопственици кои сакаат да останат анонимни сигурно имаат добра причина за купување на истиот.
Јавниот тоалет зафаќа површина од околу 300 метри квадратни. Во моментов не е возможно да се направи било какво реновирање на тоалетот без дозвола од градот, поради фактот што се наоѓа на земјиште на кое не се дозволени никакви измени.
Сепак, жителите на овој крај сметаа дека ова е паметна инвестиција затоа што цената на недвижностите се зголемува од година во година.
Цената на овој јавен тоалет пред аукцијата беше околу 157.000 долари, но сепак проценката била погрешна.