Најскапиот јавен тоалет продаден за 650.000 долари

43

luksuz-fancy-javni-toalet_3Во Велика Британија на аукција се продаде најскапиот јавен тоалет за неверојатна цена од 650.000 долари. За многумина високата цена е навистина премногу затоа што, како што велат, тоалетот не е ништо посебно интересен за да ја заслужи таа цена. Но, новите сопственици кои сакаат да останат анонимни сигурно имаат добра причина за купување на истиот.

luksuz-fancy-javni-toalet_2

Јавниот тоалет зафаќа површина од околу 300 метри квадратни. Во моментов не е возможно да се направи било какво реновирање на тоалетот без дозвола од градот, поради фактот што се наоѓа на земјиште на кое не се дозволени никакви измени.

luksuz-fancy-javni-toalet_1

Сепак, жителите на овој крај сметаа дека ова е паметна инвестиција затоа што цената на недвижностите се зголемува од година во година.

Цената на овој јавен тоалет пред аукцијата беше околу 157.000 долари, но сепак проценката била погрешна.