Најскапите чаеви во светот

250

Црн, зелен чај, моќни додатоци од ароматизирани вкусови, па се до боење на листовите со 24 каратно злато, се дел од чаевите кои се наоѓаат на листата на најскапите во светот. Некои луѓе се подготвени да дадат не само илјадници, туку и милиони долари за неколку листови од кои се подготвуваат овие напитоци. Чаевите еден од друг се разликуваат по начинот на создавање, по местото на растење, по вкусот…
Ова е листата на најскапите 1.000 грама чај во светот.

10. Tienchi Flower Tea: 170 долари

10 caj

Се смета за еден од најздравите чаеви на светот и долго време се користи како чај за сите болести. Низ вековите со него се лечела несоница, вртоглавици и осипи на кожата.

9. Silver Tips Imperial Tea: 400 долари

9 caj

Чајот расте на високите предели на Хималаите. Makaibari е еден од најстарите имоти во Индија и е првата фабрика за производство на чаеви.

8. Gyokuro Tea: 650 долари

8 caj

Gyokuro чајот е всушност мешавина на повеќе видови Sencha чаевите. Поради мешањето на неколку видови на зелени чаеви, Gyokuro има различна арома од сите останати чаеви. Името Gyokuro во буквален превод значи Скапоцен камен роса.

7. Poo Poo Pu-Erh Tea: 1.000 долари

7 caj

Pu-Erh е ферментирачки чај со богат вкус чија вредност расте како што поминува време. Овој чај кој се користи во Кина е веројатно со најчудниот вкус што постои во светот.

6. Yellow Gold Tea Buds: 3.000 долари

6 caj

Овој чај расте само на една планина во светот и може да се бере само еден ден во годината, сечејќи ги врвовите со златни ножици. Yellow Gold Tea вреди за секоја пара – листовите се премачкуваат со 24 каратно злато. Во Азија се верува дека златото е добро за организмот.

5. Tieguanyin Tea: 3.000 долари

9 caj

Tieguanyin Tea е мешавина од црн и зелен чај. Тој има карактеристичен вкус на костен.

4. Vintage Narcissus Wuyi Oolong Tea: 6.500 долари

4 caj

Narcissus Wuyi Oolong Tea е еден од најисклучителните чаеви во Кина. Листовите за овој чај растат на планината Wuyi, во провинцијата Fujian. Името го добил по грчкиот мит за Нарцис.

3. Panda Dung Tea: 70.000 долари

3 caj

Чајот може да се најде на планината Ya’an, во Sichuan. Тој се прави од ферментираниот измет на пандите, поточно од остатокот на бамбу дрвото со кое се хранат. Пандите се и кинеско национално богатство.

2. PG Tips Diamond Tea Bag: 15.000 за кесичка чај

2 caj

Во 2005 година за својата 75-та годишнина од постоењето, компанијата PG Tips ја лансираше дијамантската линија на чај, кај која една кесичка чини 15.000 долари. Секоја чесичка има по 280 дијаманти на неа.

1. Da-Hong Pao Tea: 1,2 милиони долари

Green tea leaves in a bowl with spoon

Составот и начинот на производство на овој чај е најдобро чуваната тајна на династијата Минг. Многу императори биле излечени од бројни болести за кои се сметало дека нема лек.