Чоколадо… збор кој измамува насмевка на лицето. Чоколадото е совршен подарок за секоја пригода, па дури и кога нема посебна причина за дарување. Доколку сакате некому да му се заблагодарите, само подарете му чоколадо и вашата мисија е исполнета. За таа цел, погледнете ја листата на топ 10 најскапи чоколади во светот.
10. The Aficionado’s Collection Chocolates – 275 долари
Доколку сакате да импресионирате страсен пушач, ова е совршен подарок. Aficionado’s Collection Chocolates мирасаат на цигари, но нивниот вкус е многу поинаков. Може да најдете вкусови како чоколадно млеко, италијански печени лешници и многу други.
9. Delafee – 504 долари
Delafee е швајцарско чоколадо, а швајцарските чоколади се познати по својот инзвонреден вкус и оргиналност при подготвувањето. Чоколадото познато како Golden Truffle е создадено од гранд Чу чоколадо од Еквадор и златен лист. Златото на таруфите свети како ѕвезда и претставува симбол на успех и убавина.
8. Michel Cluizel Box of Assorted Treats – 895 долари
Michel Cluizel создава слатки задоволства уште од 1948 година. Пакувањето на чоколади вклучува 400 парчиња на рачно изработени чоколади во специјално дизајнирани пакети. Вкусовите на чоколади можете да ги изберете сами.
Gold and Diamond Chocolates – 1.250 долари
Доколку го барате совршениот начин да ја запросите својата девојка, тоа можете да го направите со овие чоколади кои можат да се направат во вид на накит. Во една кутија од оваа колекција има по 12 чоколади од кои четири содржат 22 каратно злато, четири се со чисто сребро, а останатие четири се украсени со дијаманти.
6. Wispa Gold Wrapped Chocolate – 1.628 долари
Wispa Gold Wrapped Chocolate е производ на добро познатата компанија за производство на чоколадо Cadbury. И покрај тоа што оваа компанија создава чоколади со пониски цени, златната плочка е едно од нивните најскапи чоколади.
5. Knipschildt Chocolatier – 2.600 долари
За производство на ова чоколадо се користат најфините состојки. Сите чоколади се рачна изработка и секое од нив има уникатен вкус.
4. Swarovski studded Chocolates – 10.000 долари
Доколку имате пријател кој е зависник од мода и чоколади, ова е совршен подарок за него. Овие чоколади ја понесоа титулата за Најдобрите чоколади во светот од Академијата за чоколади по нивната ексклузивност и егзотичност во пакувањето.
3. Golden Speckled Egg – 11.107 долари
Ова јајце е дело на William Curley и со него тој го собори гинисовиот рекорд за изработка на чоколадно јајце со нескапоцени камења. Внатрешноста е исполнета со чоколади со три различни вкусови. Јајцето на јавна аукција беше продадено за 11.107 долари.
2. Frrozen Haute chocolate – 25.000 долари
Ова топло чоколадо е најдобрата комбинација од 28 видови на чоколади од целиот свет. Овој десерт е влезен во Гинисовата книга на рекорди за најскап чоколаден десерт во светот. Десертот се служи со златна бразлетна со дијаманти, како и со златна лажица.
1. Le Chocolat Box – 1,5 милиони долари
Во оваа добро дизајнирана кутијата во која се пакуваат чоколадите, има и накит, како обетки, ланчиња, прстени, бразлетни…