Најскапите концертни сцени некогаш поставени

23

Зборовите во музиката допираат до сечие срце, но дека познатите пејачи и групи знаат да се занесат и претераат со својата екстраваганција и само за сценографија да потрошат повеќе милиони долари, ни покажува и следнава листа на најскапите концертни сцени кои некогаш биле поставени, од пристигнување на сцената преполна со дијаманти во Ролс Ројс, до поставување на гигантски видео бимови и дворци во различни стилови. Ова е листата на топ 5 најскапи концертни сцени кои некогаш биле поставени.

Лејди Гага – еден милион долари

Lady Gaga performs at Rogers Arena in Vancouver

Во 2012 и 2013 година, Лејди Гага одржа 98 концерти како дел од нејзината Born This Way Ball турнеја. Сцената била во стил на замок во готски стил, осветлена со LED светилки кои ја чинеле два милиони долари. За да се постави замокот биле потребни шест часа. Неговите делови биле сместени во 15 приколки, a составувањето на сцената за секој концерт ја чини Гага еден милион долари.

Rolling Stones – 1,6 милиони долари

ABiggerBang

Помеѓу 2005 и 2007 година, познатиот рок бенд Rolling Stones одржа светска турнија за промоција на нивниот нов албум A Bigger Bang. На оваа сцена е поставен најголемиот видео бим кој некогаш бил поставен на концертна сцена. За да се пренесе сцената биле потребни 100 приколки и 150 работници за да ја наместат. Сцената е дизајнирана од Марк Фишер, човекот кој за Pink Floyd ја дизајнираше сцената за The Wall. Секое составување на сцената групата ја чинеше 1,6 милиони долари.

Мадона – 2 милиони долари

Sticky_And_Sweet_Tour_2008_Santiago_Chile

Кралицата на попот со својата екстраваганција секогаш знае како да ги изненади своите фанови. Дека таа го сака најдоброто и најскапото го покажа и на турнејата наречена Sticky and Sweet Tour. Гламурозната сцена била облеана со дијаманти, а нејзиното појавување било во Ролс Ројс. На сцената на овој концерт гости биле Џастин Тимберлејк, Бритни Спирс, Фарел Вилијамс и Канје Вест. Sticky and Sweet Tour е одржана помеѓу 2008 и 2009 година и била составена од 85 концерти.

Роџер Вотерс – 10 милиони долари

Roger-Waters-Chile-2012-03-03-16

The Wall Tour е инспирирана од албумот на Pink Floyd, The Wall. Реквизитите кои се користени на оваа турнеја се во вредост од 60 милиони долари. Турнејата е одржана помеѓу 2010 и 2013 година и е составена од 129 концерти во Северна и Јужна Америка, Европа и Океанија. За секое поставување на концерт на гигантскиот видео бим биле потрошени по 10 милиони долари. За дневното одржување на опремата биле потрошени по 200.000 долари. Вотерс на турнејата заработи 89 милиони долари, а за сценографијата по концерт потроши 10 милиони долари.

U2 – од 23 до 31 милиони долари

U2-360

На врвот на листата се најдоа U2, кои со својата турнеја 360° потрошиле од 23 до 31 милион долари од поставување на сцена. Поради техношолките иновации оваа сцена е прогласена за најскапата концертна сцена во историјата. Турнејата е одржана од 2009 до 2012 година и е составена од 110 концерти. Сцената е во вид на гигантски пајак кој тежи 200 тони. Турнејата е одржана во Северна и Јужна Америка, Европа и Азија. Дневното одржување на опремата U2 ги чинело 750.000 долари, а им биле потребни од 300 до 400 работници за да ја постават сцената. На турнејата U2 заработиле 730 милиони долари.