Најскапите лаптопи во светот

46

Денес не можеме без нашите лаптопи. Секој има различни барања за компјутер, а ако парите не се проблем тогаш можете да уживате во најдоброто. Еве кои се најскапите лаптопи во моментов:

5. VoodooEnvy 171 – 6.500 долари

l5(15)

Voodoo е луксузна компјутерска марка од Hewlett Packard. Од 2012 година веќе не се произведува, па затоа се ретки на пазарот.

4. Ego и Bentley – 20.000 долари

l4(16)Моделот е комбинација од работата на Ego и Bentley. Обложен е со кожа, која наликува на внатрешноста на автомобилот Bentley. Произведени се само 250 парчиња. Неговите рачки се изработени од бело злато.

3. MacBook Pro 24Karat Gold – 30.000 долари

l3(15)

Тој е индивидуално дело од Computer Choppers – компанија која прави нешто како “штимање” на секаква техника – од iPad до паметни телефони. Специјализираат во производите на Apple. Тоа е MacBook Pro, покриен со 24 -каратно злато. Го има логото на Apple од обоени дијаманти. Од овој модел има ограничен број. Достапна е и ваква верзија на MacBook Air.

2. Tulip E – Go Diamond – 350.000 долари

l2(17)

Во логото на Tulip има големи рубини на две места и во изработката на овој лаптоп е употребено и чисто злато. Создаден е за дами кои ја сакаат функционалноста на добар лаптоп и уникатноста на скапоцените камња.

1. Luvaglio One Million Dollar Laptop – 1.000.000 долари

l1(17)

Познат е како најскапиот лаптоп кој може да се купи со пари. Има 17 инчен LED екран, на кој дефинитивно не би сакале да истурите нешто.