Најскапите луксузни кревети

103

glavna-krevet

Постојат луксузни кревети коишто се разликуваат од обичните по тоа што во нивната изработка е потрошено повеќе време и материјали за да го добијат својот уникатен изглед. Некои од нив се комбинација на функционалност и технологија, мода, уметност, дизајн и луксуз. Luxlife состави листа на 10 најскапи луксузни кревети.

10. Sphera, кревет од 50.000 долари

sfera

Дизајнерот на овој кревет е Карим Рашид, а опремен е со телевизор, држач за шампањ, огледала и LED светла.

9. Starry Night Sleep Technology, кревет од 50.000 долари

Главна карактеристика на овој кревет е тоа што го намалува ‘рчењето. Благодарение на технолошкиот дизајн, овој елегантен кревет го намалува ‘рчењето менувајќи го аголот на горниот дел од телото. Нуди и iPod слот, интернет конекција, како и опција за регулирање на температурата.

8. Monarch Vi-spring, кревет од 50.000 долари

monarh

Овој кревет овозможува луксузна удобност, бидејќи душекот е рачно изработен од високо квалитетни материјали.

7. Cosmovoide, кревет од 60.000 долари

kosmovojd

Уникатноста на овој кревет е тоа што тој поседува телефон, DVD плеер и телевизор.

6. Majesty Vi-spring, кревет од 84.425 долари

majesti

Креветот има 6.000 федери, а во неговата изработка користени се памук, кашмир, свила. Додадени се и слоеви на сребро и злато.

5. Quantum Sleeper, кревет од 160.000 долари

kvantum1

Креветот поседува голем број на погодности, опции и додатоци. Има вентилационен систем, аларм против натрапници, тоалет и сензор за кислород.

4. Parnian Furniture, кревет од 210.000 долари

Дизајнерот на креветот, Абдолахај Парниан, рачно го изработил овој кревет и потрошил цела година. Има телевизор, држачи за iPad, а изработен е од дрво, нерѓосувачки челик и злато.

3. Jado Steel Style Gold, кревет од 676.550 долари

jado1

Во изработката на овој кревет се користени Сваровски кристали и претставува комбинација на луксуз и технологија. Неговите сопственици може да користат бројни додатоци како Play Station, DVD плеер, а има и пристап на интернет.

2. Magnetic Floating, кревет од 1,6 милиони долари

magnet1

Креветот лебди во воздух. Дизајнерот вградил магнети во креветот коишто тежат 700 килограми, со цел да го одржуваат креветот во лебдечка положба, додека цврстите жици го одржуваат врзан за ѕид.

1. Baldacchino Supreme, кревет од 6,3 милиони долари

najskap

На пазарот постојат само два примерока од најскапиот кревет. Рачно го изработил Стјуарт Хјуз, а користел три вида на дрво. Внатрешната страна е украсена со злато од 24 карати со тежина од 90 килограми.