Најскапите планински вили

339

gl

Куршевел лоциран на француските Алпи и Аспен во Колорадо се двете најпосетуваните луксузни одморалишта во светот. Аспен привлекува повеќе домашни туристи, додека Куршевел се грижи за потребите и на домашните и странските посетители. Luxlife состави листа на најскапите планински вили во светот.

titania

Титаниа, Межев (Франција), 240.000 долари неделно

Оваа вила е со површина од 2.000 метри квадратни, се наоѓа во областа Межев и може да прими до 25 гости во 12 ВИП апартмани. Во вилата се наоѓаат вински подрум, домашно кино, конференциска сала, базен, спа, теретана и ѕид за искачување висок 11 метри.

serena

Серена, Аспен (САД), 255.000 долари неделно

Оваа вила се наоѓа на неколку минути од најдобрите локации за шопинг и скијање. Се простира на 760 метри квадратни и има капацитет за 14 гости во седум спални соби. Во неа има винарија, теретана, џакузи, а карактеристична е и по традиционалната декорација и класичните парчиња мебел.

elisa

Елиса, Аспен (САД), 255.000 долари неделно

Вилата со рустичен ентериер нуди воодушевувачки поглед кон планинскиот предел. Големи прозорци, светол амбиент и прекрасно уреден екстериер ја прават навистина уникатна. Во неа можат да престојуваат 16 луѓе, кои имаат можност да уживаат во соба за билијард, спа, теретана и голем базен. Во пакетот влегува и услугата на телохранителите.

svajcarija

Еугенија, Клостерс (Швајцарија), 260.000 долари неделно

Ова одморалиште со површина од 1.400 метри квадратни има историски и традиционални вредности што се карактеризираат со елеганција и стил. Нуди шест индивидуално дизајнирани спални соби распоредени на четири ката, каде можат да престојуваат 12 луѓе.

vino

Вила Ен, Лех (Австрија), 270.000 долари неделно

Има 11 апартмани, меѓу кои главниот има површина од 180 метри квадратни. Совршено ја комбинира традиционалната архитектура со луксузниот ентериер. Во неа има вински подрум и кино.

atlantik

Атлантик, Куршевел (Франција), 315.000 долари неделно

Вилата ќе ве освои со типичниот алпски рустичен шарм со префинет луксуз. Се наоѓа на пет минути од центарот на познатото ски одморалиште Куршевел. Се простира на 405 метри квадратни, има пет спални соби со восхитувачки поглед на Алпите.

oven

Овенс, Куршевел (Франција), 347.000 долари неделно

Се простира на површина од 1.500 метри квадратни и има шест апартмани. Во вилата има спа центар, голем затворен базен и помал на отворено, сауна, кино сала, салон за убавина, фитнес центар и две соби за масажа. Архитектонски гледано, оваа вила претставува комбинација на современ дизајн, традиционален материјал и мебел од најдобрите брендови во светот.

edelvajs

Еделвајс, Куршевел (Франција), 370.000 долари неделно

Вилата се простира на површина од 3.000 метри квадратни и има седум ката. Дел од вилата е и подземната гаража со лифт и 20 паркинг места. Има и ноќен клуб, базен, сауна и џакузи.

belvi

Белви, Куршевел (Франција), 400.000 долари неделно

Површината на вилата изнесува 1.300 метри квадратни. Во дневниот престој има плафони со дупла висина и прозорци од под до плафон коишто овозможуваат поглед кон природата. Има кино, ноќен клуб, затворен базен, џакузи и сауна.