Најскапите велосипеди во светот

231

Здрав живот не значи само водење сметка за исхраната, туку и практикување на спортски активност во нашето секојдневие. Добар начин за рекреативно спортување е возењето на велосипед, кој освен што ќе ви го раздвижи целото тело, ќе ве однесе и на посакуваната дестинација. Затоа, ви ги претставуваме 5-те најскапи велосипеди во светот.

5: Trek Madone 7 – Diamond: 75.000 долари

Trek-Madone-7-Diamond

Trek Madone 7 – Diamond возеше Ленс Армстронг кога ја освои седмата титула на Тур де Франс. Велосипедот беше продаден во 2005 година на аукција за 75.000 долари.

4. Auramania Crystal Edition Gold Bike: 114.000 долари

Auramania-Crystal-Edition-Gold-22

Велосипед за кој се смета дека го има најдоброто кожно седиште. Оваа ограничена серија на Auramania од само 10 велосипеди е карактеристична по тоа што дел од телото на велосипедот е од 24 каратно злато декорирано со 600 сваровски кристали.

3. Kaws – Trek Madone: 160.000 долари

Kaws-Trek-Madone

Уште еден велосипед од колекцијата на Ленс Армстронг со кој настапуваше на трката Vuelta Leon y Castilla во 2009 година.

2. Trek Yoshimoto Nara: 200.000 долари

Trek-Yoshitomo

Nara е уметник од Јапонија кој е познат по неговите едноставни слики за деца. Велосипедот бил претставен на настанот за свесноста од ракот во чест на Армстронг и обновувањето на неговата кариера по несреќата во 2009 година.

1. Trek Butterfly Madone: 500.000 долари

Trek-Butterfly-Madone

Дизајнерот Демијан Хирст користел вистински пеперутки за декорирање на овој велосипед, кој го освоил Ленс Амстронг во 2009 година по победата на Тур де Франс.