Најскапите видео игри кои некогаш биле креирани

49

Возење на брзи автомобили, качување по карпи, убивање на вонземјани се само дел од концептот на игрите кои секојдневно ги играме на компјутерите. Играњето на видео игри за некои е зависност, за други начин за пополнување на слободното време и релаксирање, а за основачите исплатлив бизнис за заработка. Ова е листата на топ 5 најскапи игри кои некогаш биле создадени.

5. Tomb Raider — 100 милиони долари

tomb-raider-2013-screenshot4

Tomb Raider во 2013 година беше прогласена за една од најдобрите игри од страна на многу гејмери. Нејзината графика и ефекти кои одат со решавањето на сложувалките и авантуристичкиот дух кој го нуди, ја смести играта на 5-то место на листата.

4. Red Dead Redemption — 100 милиони долари

red.dead.redemption.04.lg

Red Dead Redemption го опишува животот и смртта на Џон Марстон, ловец на глави во 1911 година. Играта изобилува со инзвонредни музички ефекти кои го менуваат тонот за да го опишат секое расположение кога се подготвува заговор.

3. Grand Theft Auto IV — 100 милиони долари

articleLarge

Grand Theft Auto IV беше пуштена во промет во 2008 година. Дејството се случува во Луберти сити кој во реалноста е познат како Њујорк. Играта се разликува од останатите по тоа што во неа ликовите зборуваат со глас, а исто така при влегувањето во автомобил и додека возите можете да слушате музика на радио. За секоја песна компанијата платила по 10.000 долари.

2. Star Wars: The Old Republic — 200 милиони долари

218306-vilify

Оваа игра е достапна само за корисниците на Microsoft Windows. Пуштена е во промет кон крајот на 2011 година и во тој период со 200 милиони долари претставувала најскапата видео игра која некогаш била креирана. За создавање на оваа игра биле потребни пет години.

1. Grand Theft Auto V — 265 милиони долари

gta-v-city-bkgd_large_verge_medium_landscape

Играта беше пуштена во промет само пред неколку месеци, поточно во септември 2013 година, и само за три дена компанијата Rockstar имаше заработка од една милијарда долари. За изработка на оваа игра на компанијата и биле потребни 5 години.