Најскапите водки во светот

148

За подобро греење во зимските денови, Русите ја имаат водката. Но, не им е омилена само на Русите, овој пијалок се конзумира скоро секаде во светот. Освен обичната поевтина варијанта, многу компании имаат направено и специјални изданија кои денеска чинат многу пари. Ова е листата на топ 7 најскапи видови на водка:

7. Iordanov Vodka – 4.353 долари

7

Со цел да ја прослават долгата и елегантна историја на алкохолот, Iordanov создадоа луксузна линија водка во шише од 14.000 Сваровски кристали.

6. Oval Swarovski Crystal Vodka – 6.922 долари

6

Ова е ограничено издание на Oval кое се продава само во Лондон. Шишето е изработено рачно и на него има 7.000 Сваровски кристали.

5. Belver Bears – 7.240 долари

5

За повторно враќање на пазарот, Belvedere vodka ја создаде својата луксузна колекција. Оваа престижна колекција можеше да се конзумира на Канскиот фестивал.

4. Russo-Baltique Vodka (Old) – 740.000 долари

4

Russo-Baltique Vodka беше првиот обид на компанијата да издаде свое ограничено издание. Несекојдневниот дизајн и вкусот го направија првиот обид успешен.

3. Diva Premium Vodka – милион долари

3

Овој вид е создаден за луѓе кои немаат ништо против да пијат водка од шише вредно милион долари. Во центарот на шишето има скапоцени камења, а водката е правена со газирана вода која е добиена од топење на коцки лед.

2. Russo-Baltique Vodka (New) – 1,35 милиони долари

2

Russo-Baltique Vodka (New) е вториот бренд кој доживеа успех и достигна цена од 1,35 милиони долари. Оваа водка е создадена да ги таргетира како свои конзументи богатите, но и кралските семејства.

1. Billionaire Vodka – 3,7 милиони долари

1

Оваа водка е дизајнирана од страна на Леон Верез, еден од најпознатите луксузни дизајнери. По неговиот успех за дизајнирање на шишето за шампањ, тој ја создаде и најскапата водка во светот.