Најскапото спонзорство во светот на спортот

191

Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан заработи повеќе од 1,3 милијарди долари од спонзорства со компанијата Nike, пренесува Forbes. Соработката на кошаркарот и спортската компанија донесе успех на обете страни, и интересно е дека сè можеше да биде многу поразлично.

Документарниот серијал The Last Dance, кој се врти околу последната сезона на Мајкл Џордан во Chicago Bulls, откри многу интересни детали во врска со можеби најдобриот играч во историјата на кошарката.

Една од работите споменати во последните епизоди е статусот на Џордан како икона на и надвор од теренот, како и најпознатите и профитабилни спогодби за спонзорство. Џордан потпиша договор со Nike во 1984 година, кој донесе огромни придобивки за обете страни.

Како што наведува Forbes, кошаркарот до сега има заработено повеќе од 1,3 милијарди долари од спортска компанија, со што таа соработка важи за најскапото спонзорство кој некој го има од спортскиот свет. Од друга страна, Џордан стана синоним за Nike и помогна компанијата да се пробие од сенките на Adidas, Reebok и Converse и стане апсолутен лидер на светскиот пазар.

Сè можело да биде поинаку

Џордан и Nike посебно внимание привлекоа со славните “забранети“ патики. Првата линија на патики создадени од Мајкл беа забранети во НБА-лигата, бидејќи нивната боја не одговараше на правилата на лигата. Nike ја плати казната и ја претвори ситуацијата во своја полза со добар маркетинг.

По лансирањето на познатата реклама, NBA по три дена ги забрани патиките на теренот, но за среќа не можеше да ги забрани на купувачите.

Во првите 12 месеци, од продажбата на забранетите патики заработката изнесуваше 100 милиони долари.

Денес, Џордан има посебен бренд кој работи заедно со Nike, а заедно покриваат околу 86% од пазарот за кошаркарски патики.

Сепак, сè би можело да биде поинаку, бидејќи првата желба на Џордан за договор била со спортската компанија Adidas. Се наведува дека Џордан бил близу до потпишување на договор со германската компанија, но Nike и неговиот агент успеале да го наговорат да се откаже од тој договор.

Само минатата година, Џордан заработил повеќе од 130 милиони долари.

Фото: Facebook