Најскапото уметничко дело го прозива прескапото образование

66

Уметничко дело наречено Da Vinci of Debt се смета за најскапо уметничко дело во светот и е изложено во холот на главната железничка станица во Њујорк.

Da Vinci of Debt е приказна за сè поголемите трошоци за стекнување на факултетска диплома.

Брендот Natural Light Beer е едно од омилените пива на студентите во САД, а компанијата сака да им ја возврати оваа љубов на студентите низ светот.

Минатата недела компанијата го претставила “најскапото“ уметничко дело во светот за да го насочи вниманието на јавноста кон високата цена на студирањето и влијанието на студентските долгови. Уметничкото дело е направено со 2.600 оригинални факултетски дипломи на дипломци низ САД, што висат во воздух.

Целта на уметничкото дело е да се поттикнат промени на цената на студирањето и студентските долгови и да се поттикнат повеќе луѓе да се вклучат во програмата на компанијата за пиво за помош при отплаќањето на студентските долгови.

Според компанијата, вредноста на делото е пресметана од просечната цена на четири годишното студирање. Делото е проценето на 470 милиони долари. Најскапо уметничко дело продадено на аукција досега била слика на Да Винчи продадена за 450 милиони долари во 2017 година.

Освен уметничкото дело, компанијата се вклучува во акцијата и со донирање финансиски средства во програма за помош на отплаќање на студентските долгови. Според компанијата, со програмата секоја година им се помага на студентите и дипломците да отплатат долгови во вредност од вкупно еден милион долари.

Компанијата ќе го продаде уметничкото дело на оној кој ќе понуди најголема сума за да собере дополнително финансии за помош на дипломците.

Фото: Facebook