Најскапото вино во светот чини 14.254 евра

27

20120213-133029Познатиот француски регион Бургундија има две причини за славење. Истиот беше прогласен за културно наследство од страна на УНЕСКО и го “произведе” најскапото вино во светот.

Според веб страната Wine-Searcher, со цена од 14.254 евра, Richebourg Grand Cru е моментално на врвот на листата што содржи преку 50 вина.

На веб страната каде се прикажани најскапите вина, вкупно 40 се од Бургундија. Само пет од најдобрите не се од Франција, односно четири се германски, а едно е од Калифорнија.

Виното потекнува од лозјата во пределот Cote de Nuits, а е дело на Анри Жаи, производител на вино и визионер во бизнисот, кој почина во 2006 година на 84 годишна возраст.

Жаи беше против користење на хемиски средства во процесот на производство и произведуваше во мали количини, само 3.500 шишиња годишно.