Најстарата фабрика на Volvo сега е климатски неутрална

37

Шведскиот автомобилски гигант Volvo ја заврши четиригодишната обврска да ја направи климатски неутрална својата најстара и најпродуктивна фабрика.

Фабриката, сместена во близина на Гетеборг, е отворена во 1964-та година, произведува околу 300.000 автомобили годишно и стана прва фабрика што е климатски неутрална.

Користи чиста енергија од 2008-ма година, а сега се загрева и од “зелена“ енергија – половина од биогас, а другата половина од отпадна топлина.

Volvo планира својата производна мрежа да ја направи климатски неутрална до 2025 година. Најпрво тој процес ќе го почне во погоните во Европа, а потоа и во САД и Кина.

Фото: Pexels