Најтаинствената банка во светот отвори интернет страница

24

vatikanВатиканската банка ја лансираше интернет страницата www.ior.va, во обид да го поправи својот имиџ по низата скандали и бројни критики на сметка на недостаток на транспарентност. Како што изјави претседателот на банката, Ернст фон Фрајберг, на сајтот во октомври ќе биде објавен годишниот извештај. Тоа ќе биде прв пат банката да објави финансиски резултати, кои ќе пружат информации за реформите и активностите на банката и начините на кои и дава поддршка на црквата и на хуманитарните акции.

Ватиканската банка повеќе пати била под истрага на италијанските власти поради сомневање околу перење на пари.

Минатиот месец директорот и заменик директорот на Ватиканската банка поднесоа оставки затоа што еден од свештениците близок до банката беше уапсен и обвинет дека имал намера илегално да пренесе 20 милиони евра од Швајцарија во Италија.

Официјално позната како Институт за верски дела (Institute for the Works of Religion (IOR)), банката е една од најтаинствените во светот. Во неа има 114 вработени и поседува имот во вредност од 5,4 милијарди евра.