Најубавата улица во Велика Британија

167

Улицата Shambles во англискиот град Јорк сè уште има средновековен шарм. Значењето на името на улицата е хаос, неред, а порано на ова место имало кланици и полици со изложени месарски производи.
Поради ова, улицата е многу тесна, со цел да се спречи навлегување на сончевите зраци во месото.

До крајот на 19 век, на улицата имало 31 месарa, а денес, месарите се заменети со ресторани, книжарници и пекари, и сè мириса на чоколадо и пекарски производи.

Повеќето куќи и згради во улицата датираат од 15 век, а неколку дури и од 14 век. Архитектурата и рустикалноста на улицата ги освоија срцата на посетителите, а Google Street View ја додели на Shambles наградата за најубава улица во Велика Британија.