Највалканите места во авионите и аеродромите

25

avion-1

Фото: Pexels

Без разлика дали патувате со авион, автомобил, автобус или воз, во одреден момент ќе наидете на голема гужва, нечисти тоалети и можност да закачите некоја бактерија.

Ако сте од оние личности кои претерано внимаваат на хигиената, рангирањето спроведено од Travelmath.com навистина ќе ви користи, пишува Вашингтон Пост.

Веб страната што се занимава со пресметување на времето потребно за возење или летање од еден град во друг, ги рангираше највалканите места во авионите и аеродромите врз основа на 26 примероци земени од пет аеродроми и четири авиони.

Во авионите највалканото место убедливо е масичката за јадење. Потоа следува вентилацијата над седиштето, копчето/рачката за пуштање на вода во веце-школката, па механизмот за закопчување на седиштата.

На аеродромите пак, копчињата за пуштање на чешмите за вода имаат многу повеќе бактерии од механизмот за заклучување на вратите од тоалетите.

Според рангирањето, листата изгледа вака:

Масичка за јадење

Копчиња за пуштање на чешми

Вентилација над седиште

Рачка/копче за пуштање вода во тоалет

Механизам за закопчување на седишта

Механизам за заклучување на тоалетите