Највисока инфлација во Германија во последните 10 години

43

Инфлацијата во Германија во мај достигна највисоко ниво во последните 10 години и изнесуваше 2,5%. Ова е веќе петти месец како растат цените во Германија.

Поскапата енергија во мај, како што пишува Дојче Веле, беше причина за раст на потрошувачките цени. Производите и услуги во просек пораснаа за 2,5% во однос на истиот период лани. Тоа е најголема месечна стапка на инфлација од септември 2011 година.

Во мај оваа година потрошувачите морале многу пари да издвојат за пари за енергија, којашто во текот на последните години поскапе за 10%. На почетокот на пандемијата, во првиот квартал лани, светските цени на сировата нафта имаа нагло паѓање, поради намалена побарувачка.

Освен тоа, на почетокот на оваа година во Германија е воведен и данок на емисија на јаглерод диоксид – 25 евра по тон. Тоа се однесува најмногу на согорување дизел, бензин, мазут и природен гас.

Прехранбените производи поскапеа во однос на истиот период лани за 1,5%, а услугите за 2,2%.

Фото: Pexels