Највисокото одличие на МПЦ за 90-тиот роденден на Прилепската Пиварница

42

╨Ь╨Я╨ж ╤Б╨╛ ╨╜╨░╤Ш╨▓╨╕╤Б╨╛╨║╨╛ ╨╛╨┤╨╗╨╕╤З╨╕╨╡ ╨╖╨░ 90 ╨│╨╛╨┤╨╕╤И╨╜╨╕╨╜╨░╤В╨░ ╨╜╨░ ╨Я╤А╨╕╨╗╨╡╨┐╤Б╨║╨░ ╨┐╨╕╨▓╨░╤А╨╜╨╕╤Ж╨░ (5)

Македонската православна црква ја одликува Прилепска Пиварница со Орденот Свети Климент Охридски од Втор Ред. Одличието на претседателот на Управниот одбор на Прилепска Пиварница, Кирил Самарџиоски му го додели митрополитот Преспанско – пелагониски, Петар, во присуство на Архиепископот Г. Г. Стефан и Владиката Климент, секретар на Синодот. Церемонијата се одржа денеска во кругот на Прилепската пиварница.

Високото црковно одличие се доделува на Прилепска Пиварница поради нивниот несебичен придонес и помош за црквите и манастирите во прилепскиот регион. Доделувањето на орденот се случува токму оваа година кога Прилепска пиварница слави 90 години од основањето.

“Наградите не се добиваат, туку добитниците ги создаваат со своите дела. Слободно можам да кажам дека Прилеп покрај тоа што е град на мермерот, на тутунот, град првоборец, е и град на пивото. Им благодарам на Прилепска Пиварница за несебичниот придонес и им го честитам деведесетгодишниот јубилеј“, изјави поглаварот на МПЦ Г.Г. Стефан.

Претседателот на управниот одбор на Прилепска Пиварница, Кирил Самарџиоски се заблагодари за големата чест и обврска укажана на семејството и на компанијата.

“Орденот претставува големо признание за се она за што се залагаме во Прилепска Пиварница. Ова е награда за вработените во Прилепската Пиварница, особено затоа што го добиваме во годината кога го славиме 90-от роденден. Прилепска Пиварница и ние како семејство и натаму ќе продолжиме да ја помагаме Црквата во нејзината благородна цел“, рече Самарџиоски.

Свети Климентовиот орден е највисокото црковно признание, а МПЦ го доделува на заслужни личности и институции веќе неколку години. Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква одлуката за доделување на Орденот ја донесе на седницата одржана на 25 јуни 2014 година.