Највреден подарок од основање – Безос донира 200 милиони долари за Смитсонијан

50

Групата музеи и истражувачки центри водени од американската влада Смитсонијан објавија дека американскиот претприемач и основач на Amazon, Џеф Безос, ќе донира 200 милиони долари на тој институт, што ќе биде најголемиот подарок што организацијата го има добиени од основањето во 1846 година.

Според CNN, 70 милиони долари се наменети за реновирање на Националниот музеј за воздухопловство и вселена, а 130 милиони за oтворање на нов едукативен центар. Во соопштението се наведува дека донацијата ќе помогне да се овозможи технолошка трансформација на галерии во музејот и јавните простори.

“Воодушевени сме што Џеф е посветен да ни помогне да ги прошириме опсегот и влијанието на Смитсонијан додека се обидуваме да инспирираме нова генерација научници, астронаути, инженери, едукатори и претприемачи“, рече Стив Кејс, претседател на управниот одбор на Смитсонијан.

Фото: Pixabay