Највредни прехранбени брендови за оваа година

27

Фото: Pixabay

Швајцарски Nestle и американска Coca – Cola се највредни прехранбени брендови во светот за оваа година, покажува истражувањето на британска Brand Finance.

Nestle оваа година достигна вредност од 19,6 милијарди долари, што е за 1,4% повеќе во однос на 2018-та година. На второ место е француски Danone со вредност од 8,1 милијарди долари или 10,4% помалку во однос на 2018 година. На трета позиција се најде кинескиот бренд Yili со вкупна вредност од 7,6 милијарди долари.

Меѓу 10-те највредни брендови се најдоа и: Kellogg’s, Tyson, Mengniu, Wrigley, Lay’s, Mc Cain и Craft.

Кога станува збор за највредни брендови за пијалаци, во првата тројка се: Coca Cola со вредност од 36,1 милијарда долари или 19,1% повеќе во споредба со 2018 година, Pepsi чија вредност се намали за 7,6% и се позиционираше на 18,5 милијарди долари, а на трета позиција застана Red Bull со 8,7 милијарди долари вредност.

Од вкупниот број на највредни брендови, 34,4% од доаѓаат од САД, потоа од Кина 14,4% и Швајцарија 13,4%.