Американскиот производител на електрични автомобили, Tesla е највредна компанија од автомобилскиот сектор во светот. Пазарната капитализација на компанијата, на 17-ти овој месец, достигна вредност од 184 милијарди долари, пренесува Yahoo Finance.
Втора по вредност од овој сектор е јапонска Toyota со 179,7 милијарди долари, додека на трето место се најде германски Volkswagen со 80,3 милијарди долари пазарна капитализација.
Меѓу првата “петорка“ највредни производители автомобили во светот се најдоа и јапонска Honda со 47,3 милијарди долари и германски Daimler со 44,5 милијарди долари пазарна капитализација.
Фото: Freepik