Највредниот старт – ап од Балканот сега е петти во светот

87

Највредниот старт – ап во југоисточна Европа стана и петтиот највреден во светот. Се работи за романскиот UiPath, којшто развива софтверски роботи што компаниите ги користат за да ги автоматизираат повторувачките задачи на вработените.

UiPath ги прави своите подготовки за котација на берза, а неговата пазарна вредност сега се проценува на 35 милијарди долари.

UiPath на постоечките инвеститори им даде 2% удел во компанијата во замена за инвестиции од 750 милиони долари.

Овој романски старт – ап има правно седиште во Њујорк, но сите операции ги води од централата во Букурешт, пренесува Јутарњи лист.

Годишните приходи на UiPath наводно изнесуваат околу 400 милиони долари.

Инаку, UiPath е основан во 2005 година, под името DeskOver, а го промени своето име 10 години подоцна. Нејзина основа цел е развој на софтверски решенија коишто се справуваат со одредени операции на вработените кои се повторуваат повеќе пати. Со нивна помош, вработените не го губат времето на таканаречени copy – paste операции, туку се фокусираат на посложени активности.

Фото: Freepik