Годинешното рангирање на најздрави нации во светот, на Bloomberg Healthiest Country Index, вклучува вкупно 169 земји, а предвид се земени неколку фактори коишто придонесуваат за целокупното здравје на жителите.
Тука е вклучен и животниот век, а како негативни фактори што одземаат поени, меѓу другото, се консумирање на цигари и дебелината. Квалитетот на воздухот и водата, исто така, се пресметани во анализата, како и навиките во исхраната.
Шпанија, Италија, Исланд, Јапонија, Швајцарија, Шведска, Австралија, Сингапур, Норвешка и Израел важат за десетте најздрави нации во светот.
Најголем скок од пред две години бележи токму Шпанија, којашто од шесто место, годинава ја зазема челната позиција.
Од земјите во регионов Словенија на 24-то место е најдобро пласирана, Грција е 26-та, Хрватска е на 31-то место, Црна Гора е 41-ва, зад неа се Босна и Херцеговина и Албанија.
Нашиот северен сосед, Србија е 55-та, додека Македонија е веднаш по неа на листата, односно на 56-то место.
Фото: Pexels