Намален БДП на Словенија за девет месеци

24

Бруто домашниот производ (БДП) на Словенија, од јануари до септември оваа година, е намален за 6% во однос на истиот период лани. Во третиот квартал од оваа година, во однос на вториот квартал, БДП на Словенија е намален за 2,6%.

Домашната потрошувачка во третиот квартал од оваа година се намали за 5%, од коишто финалната потрошувачка падна за 0,3%, а бруто инвестициите за 19,6%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата на домашниот пазар е намалена за 6%, најмногу поради помалите издатоци за гориво и услуги, додека за 4,3% има раст на издатоците за трајни производи.

Извозот во третиот квартал од ова година, на годишно ниво, во однос на истиот квартал лани, е намален за 9,5%, од коишто извозот на производи за 4,6%, а извозот на услуги за 25,8%.

Увозот на Словенија е намален за 13,1%, од коишто увозот на производи бил за 11,2% понизок, а на услуги за 22,4%.

Фото: Freepik