Намален бројот на издадени одобренија за градење во април

53
Engineer is inspecting his work in building construction site

Во април оваа година се издадени 173 одобренија за градење, што е за 27,9% помалку во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.657.228.000 денари, што е за 31,1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 92 (53,2%) се наменети за објекти од високоградба, 18 (10,4%) за објекти од нискоградба и 63 (36,4%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 173 објекти, на 93 (53,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 80 (46,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 835 станови, со вкупна корисна површина од 62.697 метри квадратни.

Фото: Freepik