Намален бројот на издадени одобренија за градење во декември

49

Во декември минатата година се издадени 286 одобренија за градење, што е за 2,1% помалку во однос на истиот период во 2018-та година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.460.995.000 денари, што е за 59,4% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во претходниот период беше издадено одобрение за градење на експресен пат во Североисточниот Регион.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 130 (45,4%) се наменети за објекти од високоградба, 56 (19,6%) за објекти од нискоградба и 100 (35%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 286 објекти, на 151 (52,8%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 135 (47,2%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 423 станови, со вкупна корисна површина од 32.307 метри квадратни.

Фото: Pexels