Намален бројот на издадени одобренија за градење во јануари

52

Во јануари оваа година издадени се 264 одобренија за градење, што е за 14% помалку во однос на истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.412.692.000 денари, што е за 15,9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 147 (55,7%) се наменети за објекти од високоградба, 42 (15,9%) за објекти од нискоградба и 75 (28,4 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 264 објекти, на 136 (51,5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 128 (48,5%) објекти инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 571 стан, со вкупна корисна површина од 47.841 метри квадратни.

Фото: Pixabay