Намален бројот на превезени патници со автобуси

18
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 11 166 илјади во четвртото тримесечје од 2023 година и во однос на истиот период од претходната година е намален за 12.5 %. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е
намален за 16.1 %, во приградскиот превоз е намален за 9.9 %, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 2.9 %, а во меѓународниот превоз е намален за 14.6 %.
Во четвртото тримесечје од 2023 година, во однос на истиот период од 2022 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 38.5 %. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 87.8 %, во приградскиот превоз е намален за 63.2 %, во меѓуградскиот
превоз е зголемен за 4.6 %, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 6.7 %.