Намален бројот на работници во индустријата во август

25

Бројот на работници во индустријата во август оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 1,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работници во секторот Рударство и вадење на камен во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пад од 2,3 %, во секторот Преработувачка индустрија пад од 1,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,4%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 6,9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,7%.

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – август 2019 година, во однос на периодот јануари – август 2018 година, е намален за 1,2%.

Фото: Pixabay