Намален бројот на работници во индустријата во март

22

Бројот на работниците во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, е намален за 4,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање во секторите: Рударство и вадење на камен од 1,6%, Преработувачка индустрија од 4,8% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од 0,5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0,9%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,8%, додека пораст од 0,3% бележи кај Капитални производи.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ март 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ март 2019 година, изнесува 96,4.

Фото: Pixabay