Намален бројот на работници во индустријата

19

Бројот на работници во индустријата во јуни, во однос на истиот период лани, е намален за 2,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пад од 1,9%, во секторот Преработувачка индустрија пад од 3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 3,7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на периодот јануари – јуни 2018 година, е намален за 1%.

Фото: Pixabay