Намален индикатор на доверба во преработувачката индустрија во јануари

29

Фото: Pixabay

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2019 година е намален за 0,3 процентни поени во однос на декември 2018 година и изнесува 20,1, а во однос на јануари 2018 година е зголемен за 1,3 процентни поени, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2019, во однос на декември 2018 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на декември 2018 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2019 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а e поповолна во однос на јануари 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2019 година изнесува 68,2% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 28,7%, недоволната домашна побарувачка со 15,5%, недоволната странска побарувачка со 15,3% и неизвесното економско опкружување со 8,9%.