Намален откуп и продажба на земјоделски производи во првото тримесечје

24

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од 2016 година откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 14,6% во однос на истиот период од претходната година.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 20,8%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 25,8%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај: житата и индустриските растенија.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во јануари и март, додека во февруари е забележано опаѓање.