Намален откупот и продажбата на земјоделски производи во првото тримесечје

29

Откупот и продажбата на земјоделски производи, во првото тримесечје, изнесува 4.290.605.000 денари и во однос на истиот период од претходната година е намален за 2,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 5,1%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 3,1%.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: овошјето и млечните производи, а намалување е забележано кај: житата, индустриските растенија, градинарските растенија, фуражните растенија, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото и рибата.

Фото: Pixabay