Намален промет во трговијата на мало со храна и пијалаци во февруари

35

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во февруари 2021 година, во споредба со февруари 2020 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 2,3%, а реално за 1,9%), а во групата Трговија на мало, освен трговија со горива прометот е номинално зголемен за 0,6%, а реално намален за 1,1%.

Намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1,1%, а реално за 4,1%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 20,1%, а реално за 14,6%).

Фото: Pexels