Намален прометот во индустријата во јануари

37

Прометот во индустријата во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 4,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,3%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9,6%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,8%.

Прометот во индустријата, вкупно, во јануари 2021 година, во однос на декември 2020 година, е зголемен за 1,7%.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, изнесува 94,8.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи пораст кај Капитални производи за 39,3%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,6%.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во јануари 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 63,7.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, изнесува 95,3.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 12,3%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9,7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,4%.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во јануари 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 115,3.

Фото: Pexels