Намален прометот во индустријата во јуни

25

Прометот во индустријата во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 5,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,1%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 12,1%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,1%.

Прометот во индустријата, во јуни 2020 година, во однос на мај 2020 година, е зголемен за 37,7%, додека во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ јуни 2019 година, е намален за 17,5%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, изнесува 103,9.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 21,3%, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 34,2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 20,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,8%.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар во јуни 2020 година, во однос на мај 2020 година, изнесува 115,6, додека во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ јуни 2019 година, изнесува 96,7.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, изнесува 92,2.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7%, Капитални производи за 11,7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6%.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во јуни 2020 година, во однос на мај 2020 година, изнесува 147,9, додека во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ јуни 2019 година, изнесува 78,7.

Фото: Freepik