Во трговијата на мало во мај оваа година, во однос на истиот период лани, има намалување на прометот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 13,8%, а реално за 15,6%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13,2%, а реално за 13%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 13,5%, а реално за 14,3%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 47,8%, а реално за 29,2%).
Фото: Freepik