Намален прометот во трговијата на мало во март

33

Во трговијата на мало, во март оваа година, во споредба со истиот период лани, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално за 12,6%, а реално за 13,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот е забележано и во Трговија на мало, освен трговија со горива и тоа номинално за 0,2%, а реално за 1,3% и Трговија на мало со горива номинално за 35,6%, а реално за 31,3%.