Намалена економската активност во ЕУ во последните три месеци од 2020

24

Бруто домашниот производ (БДП) на Европската унија и на евро зоната се намали во последното тримесечје од минатата година, како последица од новиот бран на пандемијата, покажуваат прелиминарните проценки на Eurostat.

Економската активност на ЕУ во последниот квартал од ланската година се намали за 0,5% во споредба со претходното тримесечје, кога имаше раст од 11,5%.

Во еврозоната активноста во последните три месеци од 2020 година е намалена за 0,7% во однос на претходното тримесечје кога порасна за 12,4%.

Економијата во третиот квартал закрепна благодарение на ублажување на мерките против пандемијата, но новиот бран во октомври ги принуди владите повторно да воведат рестрикции за да се спречи ширењето.

Поединечно, најголем пад на економската активност е регистрирана во Австрија и тоа од 4,3%. Потоа седат Италија и Франција со пад од два, односно 1,3%

Од друга страна, најголем пораст на БДП е регистриран во Литванија (1,2%) и Латвија (1,1%).

Фото: Freepik