Обемот на трговската размена меѓу Русија и Европската унија минатата година се намали за една петтина на 219 милијарди долари, изјави заменик рускиот министер за надворешни работни, Александар Грушко.
“Трговската размена со Европската унија, ако се земе предвид и Обединетото Кралство, во 2020 година е намалена за 21% во однос на 2019 година“, рекол Грушко.
Како што пренесува Russia Today, тој износ во најдобрите времиња од 2013 година изнесуваше 417 милијарди долари.
Трговските односи меѓу Русија и ЕУ се влошија во 2014 година, кога Брисел воведе санкции врз Москва поради настаните во Украина. Москва одговори со контра санкции, забранувајќи низа европски производи и покренувајќи програма за замена на европскиот увоз.
Бизнисмени и политичари од европските земји во повеќе наврати побарале укинување на казнените мерки, бидејќи станале главна пречка за економски раст.
Фото: Pexels