Намалени цените на угостителските услуги во март

41

Фото: Pixabay

Цените на угостителските услуги во март оваа година, во споредба со претходниот месец, се намалени за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, намалување е забележано во групите Храна за 0,3%, Алкохолни пијалаци за 0,4%, Безалкохолни пијалаци за 1,3% и Ноќевања за 0,1%.

Цените на угостителските услуги во март 2019 година, во однос на истиот месец од претходната година, се зголемени за 1,3%.

Кумулативно, цените на угостителските услуги за периодот јануари – март 2019 година, во однос на истиот период од минатата година, се зголемени за 2,2%, додека во однос на декември 2018 година се зголемени за 0,1%.