Намалени трошоците на живот и цените на мало во јануари

10

Фото: Pexels

Трошоците на животот во јануари 2019 година, во однос на претходниот месец, се намалени за 0,1%, додека кај цените на мало има пад од 0,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Намалување на трошоците на животот во јануари 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај безалкохолните пијалаци за 1,4%, маслото и маснотиите за 0,7%, другите прехранбени производи за 0,5 % и млекото за 0,2%.

Исто така, намалување на трошоците на животот е забележано и кај велосипедите за 7,2%, течните горива за домаќинствата за 6,2%, гасот за домаќинствата за 5,5%, обувките, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства, услугите за сместување за 4,4%, авионскиот превоз на патници за 4,1%, книгите за 3%, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 2,6%, телефонската и телефакс опремата за 2,5%, одржувањето и поправката на сопствените сообраќајни средства за 2%, информатичката опрема за 1,9%, парамедицинските услуги за 1,4%, другите медицински производи за 1,2%, рестораните и хотелите за 0,8%, патниот сообраќај за 0,7%, стоматолошките услуги за 0,4%, услугите за одржување и поправки на станот и другите лични предмети за 0,3%.

Пораст на трошоците на животот во јануари 2019 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 7%, свежото и разладеното овошје за 0,9%, лебот и житата за 0,4% и месото за 0,2%.

Во јануари 2019 година, исто така, пораст на трошоците на животот е забележан и кај болничките услуги за 8,5%, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 2,9%, услугите за одржување на станот за 2,1%, автомобилите за 1,7%, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 1,4%, игрите, играчките и хобијата за 1%, големите електрични апарати за домаќинствата и малите електрични апарати за домаќинствата за 0,7%, теписите и другите покривки за под, железничкиот сообраќај за 0,6%, услугите за рекреација и спорт, услугите за култура за 0,5%, ткаенините, снабдувањето со вода, опремата за прием, снимање и репродукција на звук и слики за 0,4%, материјалите за одржување и поправки на станот, мебелот и покуќнината, туристичките пакет аранжмани за 0,3%, терапевтските помагала, градините, растенијата и цвеќињата за 0,2%.

Трошоците на животот во јануари 2019 година, во споредба со јануари 2018 година, бележат пораст од 1,2%, а на цените на мало се зголемени за 0,7%.