Намалено вкупното производство на шумски производи во второто тримесечје

22

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2020 година, во однос на второто тримесечје од 2019 година, е намалено за 5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, друго обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.

Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 128.775 метри кубни и бележи зголемување за 3%.

Фото: Freepik