Намалете го стресот – гледајте риби во аквариум

294

akvarium-pixabay

Фото: Pixabay

Експерти од универзитетите во Плимут и Ексетер во Велика Британија споредуваа резултати од волонтери, односно како тие реагирале физички и психички кога гледале во аквариуми со различен број на риби.

Истражувањата потврдуваат дека гледањето риби во аквариум не само што го подобрува распложението, туку и го намалува крвниот притисок и забрзаното чукање на срцето, а научниците велат што повеќе риби толку подобри ефекти.

Токму поради смирувачкиот ефект кај пациентите многу забни ординации и болници практикуваат да имаат аквариум, особено во чекалните.

Затоа не размислувајте многу, аквариумите не само што ќе го намалат нивото на стрес и ќе ве опуштат, туку и ќе ви го разубават просторот во кој живеете или работите.