Фото: Pixabay
Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ги објави новите цени на бензините и нафтените деривати. Согласно новата одлука на регулаторите малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,27%.
Така, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 денари по литар.
Според одлуката новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 72,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 74,00 ден/лит, додека, пак цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе биде 63,50 ден/лит.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) во следните две недели ќе се продава по цена од 52,50 ден/лит. Се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 0,749 ден/кг и сега изнесува 33,785 ден/кг.